еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лицето кое дополнително беше тестирано, нема корона вирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за корона вирус, се негативни на вирусот.

Пациентката е една од двата случаи кои се тестираа на Инфективната клиника во Скопје. И двата случаи се негативни на вирусот.

Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19.

Инаку, како што беше најавено на синоќешната конференција за медиуми, во текот на ноќта сите 9 патници на 5-те локации, 2 во Скопје и 3 во Струмица беа посетени од страна на епидемиолозите од Центрите за јавно здравје во Скопје и Струмица.

„Сите патници кои патувале од Италија со пациентката уште синоќа се исконтактирани и се наоѓаат во изолација во домашни услови во соработка со МВР. Најголем дел од патниците немале контакт со поголема маса луѓе, туку само со семејството.

На денешниот состанок на комитетот ќе ги разгледаме можностите за продолжување на домашната изолација или префрлување на овие лица во инфективните одделенија, одредени за изолација“,  посочи министерот Венко Филипче.

Лицата со кои тие биле во контакт се веќе лоцирани и исконтактирани. И тие се наоѓаат во домашна изолација, а епидемиолозите на Центрите за јавно здравје од утринава се веќе на терен и ги анкетираат, согласно утврдената постапка.

Од министерстерство за здравство апелираат до граѓаните да не се создава паника и да се информираат за состојбата исклучиво од официјални извори и информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АПЕЛ: Сите кои допатувале од региони со коронавирус задолжително да се јават на дежурните телефони

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Екскурзиите на средношколците од Скопје за Италија поради коронавирусот ќе се одложат на неопределено време

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои се најдобрите кафулиња во Скопје

Редакција

Жена почина на концерт на Калиопи, за пејачката тоа е најтажниот ден во нејзината кариера

Редакција

Македонија засега нема да дава ваучери за тие што ќе се вакцинираат, по примерот во Србија

Редакција