еМагазин
Image default
Македонија

Лични карти и пасоши со „Северна Македонија“ ќе се издаваат од септември

Новите лични документи за македонските граѓани со името Република Северна Македонија ќе почнат да се издаваат од септември годинава, иако беше најавувано уште за крајот на минатата година, објави МКД.

Со новите амандмани во нив ќе биде наведена и етничката припадност на малцинските заедници во државата.

До септември, кога ќе почне издавањето на лични документи со новото уставно име, граѓаните ќе добиваат документи со Република Македонија кои ќе треба да се заменат најдоцна до 2024 година, наместо важноста од 10 години. Во овој период во пасошите со „Република Македонија“ важечки е печатот на кој пишува: „Оваа патна исправа ѝ припаѓа на Република Северна Македонија“, пишува МКД.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кежаровски: Во затворот во Шутка цените на телефоните скокаат и до 1.000 евра кога престојуваат политичари

Редакција

Новото име на фасадата на Владата по изборите

Редакција

(Видео) Заклучоците за „францускиот предлог“ изгласани во Собранието: 68 гласа од СДСМ и сите партии на Албанците

Редакција