еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Личност на годината на еМагазин: Атиџе Муратова

Документарниот филм “Медена земја“, кој го следи животот на единствената жена одгледувач на диви пчели во Европа, Атиџе Муратова, годинава што изминува ја испромовира Македонија во најубавото светло низ светот како никој друг.

Емотивната приказна за Атиџе, која се обидува да ги спаси пчелите и балансот во природата, освои бројни награди на различни страни на светот, а неодамна влезе и во потесен избор за номинација за Оскар дури во две категории.

Ретко кој остана рамнодушен на животната приказна на Атиџе, која во текот на снимањето на документарецот живееше сама, со нејзината болна мајка, без струја и вода, во полупразурна куќа со земјен под, во селото Бекирлија.

За еМагазин нема дилема, Личност на годината 2019 е Атиџе.

„еМагазин“, седма година по ред избира Личност на годината.

Личност на годината за 2018 година на „еМагазин“ беше актерката и активистика Ирена Ристиќ, која ја крена свеста на граѓаните и институциите за здрава животна средина.

Во 2017 година, Личност на годината беше тогаш главниот тренер на ракометниот клуб „Вардар“ и селекторот на Македонската репрезентација Раул Гонзалес, поради историскиот успех на РК „Вардар“ со освојување на тронот во Лигата на шампиони на ЕХФ.

Во 2016 година Личност на годината беше обвинителката Фатиме Фетаи, поради зборот правда која често го користеше.

Во 2015 година ја избравме Ленче Здравкин, поради несебичната грижа кон бегалците, нејзината помош и големото срце.

Во 2014 година Личност на годината на „еМагазин“ беше студентот од Битола, Томе Кириази, кој на сиромаштијата и пркосеше со своето знаење и натпросечна интелигенција.

Во 2013 година ја избравме уметничката Розе Мојсовска, која и покрај телесниот хендикеп, создава уметнички дела цртајќи со уста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Медена тура: Воодушевени од Атиџе, велосипедисти возеа до нејзиното село Бекирлија

Сара Џесика Паркер за „Медена земја“: Никогаш нема да ја заборавам Атиџе

Огромен успех: „Медена земја“ во престижен круг кандидати за „Оскар“

Фото/видео: Промо/Медена земја/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

16 пациенти вакцинирани со „Синофарм“ починале од Ковид-19 минатата недела, а шест со „Синовак“

Редакција

Утре започнува Саем на мебел и ќе трае до 24. март

Редакција

Утре замрзнување на цените на хигиенските производи, во текот на неделата и на дел од овошјето и зеленчукот

Редакција