еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Личност на годината на „еМагазин“ е Ирена Ристиќ

Личност на годината за 2018 година на „еМагазин“ е актерката и активистика Ирена Ристиќ.

Изборот на Ристиќ за Личност на годината е од повеќе причини: актерка која смее до солзи и расплакува до болка, екологистка која ја крева свеста на граѓаните и институциите за здрава животна средина, хуманитарка преку која поминале бројни акции за помош на болни и сиромашни, активистика која го крева гласот за правда кон луѓето и кон животните…

„еМагазин“, шеста година по ред избира Личност на годината.

Лани, тоа беше главниот тренер на ракометниот клуб „Вардар“ и селекторот на Македонската репрезентација Раул Гонзалес поради историскиот успех на РК „Вардар“ со освојување на тронот во Лигата на шампиони на ЕХФ.

Во 2016 година Личност на годината беше обвинителката Фатиме Фетаи поради зборот правда која често го користеше, а за разлика од денес пред две години Специјалното јавно обвинителство уживаше голема доверба меѓу граѓаните.

Во 2015 година ја избравме Ленче Здравкин, поради несебичната грижа кон бегалците, нејзината помош и големото срце.

Во 2014 година Личност на годината на „еМагазин“ беше студентот од Битола, Томе Кириази кој на сиромаштијата и пркосеше со своето знаење и натпросечна интелигенција.

Во 2013 година ја избравме уметничката Розе Мојсовска, која и покрај телесниот хендикеп, создава уметнички дела со уста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Личност на годината на еМагазин: Раул Гонзалес

Личност на годината на еМагазин: Фатиме Фетаи

Личност на годината на еМагазин: Ленче Здравкин, жената која стопли многу бегалски срца

Фото: Фејсбук/Ристиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Излезноста до 15 часот, 22,56%

Редакција

Режисерот Јани Бојаџи нов директор на ТВ Алфа, доаѓа на местото на Васко Ефтов

Редакција

Европскиот парламент гласаше за екстрадиција на Груевски од Унгарија

Редакција