еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лидерската за уставните измени потврдена, се чека датум

Лидерската средба помеѓу премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и нивните тимови ќе се одржи во наредните денови.

Ковачевски во интервју за ТВ Сител ги повтори веќе најавените теми за разговор од негова страна.

„Ќе повикам на лидерска средба и тоа темите ќе бидат како што ги кажав одлуките коишто треба да се донесат за продолжување на европските интеграции на државата и зачленување на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, како и тема во однос на односите со соседите, бидејќи добрососедските односи се едни од најзначајните за европските интеграции.

Средбата треба да се одржи во текот на наредните денови и за сите детали ќе може да информираме заедно со сите учесници на средбата,“ рече Ковачевски.

На прашањето што ако не се случат уставните измени, Ковачевски вели дека „ќе го имаме истото она што го имавме од 2006 до 2016 година“.

-Наместо интеграција ќе имаме изолација, а видовме како изгледа изолација. Без инфраструктура, заробена држава, слобода на медиуми бевме 130 место, сега сме 38 во светот, владеење на право, окарактеризирани како хибриден режим, денес медиумите за една година 19 места скок, рече премиерот Ковачевски.

Обраќајќи се кон новинарите, рече дека на медиумите сега никој не им кажува што да прашаат, ниту како ќе им изгледаат вестите.

-Ниту некој ви се јавил од мојот Кабинет какво прашање да ми поставите, слободно медиумите да ја уредуваат својата политика така како што треба. Истото се однесува и во другите делови од власта, рече Ковачевски.

Се наврати на изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп кој, како што рече премиерот, „упати порака до институции што се корисници на холандска помош што не се во надлежност на Владата и кои што треба да дадат на транспарентен начин отчетност за што ги користат средствата, на кој начин ги користат, дали ги унапредиле процесите за коишто биле наменети тие средства“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ја избра француската „Dechert“ да не брани по тужбата од „Ел.Пет.Балканики“ за „Окта“

Редакција

Eкс-Југославија застана зад Македонија: Со Декларација се бара Бугарија да не ја злоупотребува историјата

Редакција

(Фото) Мицкоски на богослужба за Велигден во Св. Апостоли Петар и Павле

Редакција