еМагазин
Image default
Да помогнеме

Лидија Ристевска: Мултиплекс склерозата ми ги украде соништата, ми земаше дел по дел

Лидија Ристевска боледува од прогресивна мултиплекс склероза и потребен е третман со матични клетки. За нејзе се собираа средства за лекување, но повторно се потребни.

„Оваа сторија не е измислена, ова е реален живот, а вие сте многу среќни запомнете и бидете секој ден благодарни. Мултиплекс склероза се вика таа, со која морам да живеам. Ми ги украде сите соништа постепено ми земаше се дел по дел.

Толку беше брзо тоа, иако години беа во прашање, а за мене само момент кога се најдов во кревет целосно неподвижна, без нозе, без раце, без воздух, со никаква сила, дури ни да зборувам. Во тој момент имав две опции да изберам да живеам и да се борам или да се откажам.

Со мене беше и се уште е, по овој пат се додека не успееме, мојата ќерка. Тогаш штотуку го запозна животот тоа дете се соочи со сурова реалност.

И така двете сами со сменати улоги јас дете таа мајка тргнавме да се спротивставиме на третата што непоканета ни дојде да ни ги сруши животите мултиплекс склероза.

Со помош и подршка од хумани луѓе во декември ја направив првата трансплантација со матични клетки, во септември оваа година треба и втора, а веднаш ги почувствував првите подобрувања. Но, не е толку лесно, ова е долг пат и тешка борба и сега сум на рехабилитација со роботика во Ниш во Србија.

Во потрага по животот, по здравјето, ние двете, ќерка ми и јас пропатувавме многу. Јас сега кон вас упатувам голема молба, да не подржите до крај , се додека стигнеме до целта. Оваа неколку месечна рехабилитација не дели малку од успехот,“ вели Ристовска во апелот до јавноста

Донирајте на броевите:

ТЕЛЕКОМ 143 121

А1 143 474

И на сметките

500600016598443
Стопанска банка АД Битола

IBAN Mk07500080003654013
SWIFT STBBMK22
Stopanska banka AD Bitola

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средствата никако да се соберат: И се заканува целосна паpaлиза на Лидија ако не донираме итно

На Лидија Ристевска и се потребни средства за третман со матични клетки, поради прогресивна мултиплекс склероза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На двегодишниот Виктор му требаме за да може да се лекува во Виена

Редакција

Учениците од „Михајло Пупин“ денеска собираат средства за лекување за нивниот другар Давид Мартиноски Исоски

Редакција

Тројца македонски планинари ќе собираат по два денари за секој искачен метар на Елбрус и Алпите, за семејствата со ретки болести

Редакција