еМагазин
Image default
Македонија

Лилјана Поповска не „плачела“ за датум за преговори со ЕУ

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, ги демантира, како што велат од нејзината партија „спиновите што беа претставени во јавноста деновиве“, додека таа беше на службен престој во Белград, на Зелен економски конгрес.

“На средба со парламентарци од Хрватска ги замолив хрватските колеги да и помогнат на Македонија за добивање датум за преговори во јуни и да ја објаснат македонската состојба пред колегите од ЕУ.

Како блиска земја од регионот може полесно да ги разберат нашите фрустрации со долгогодишното чекање пред вратите на ЕУ, кога дебатите на оваа тема се претворија во мантра.

Како пратеници направивме огромна жртва, за да не остане Македонија заборавена, откако целата меѓународна заедница застана зад Договорот од Преспа, како последен услов за нашите евроинтеграции.

Истакнав дека евентуалното недобивање датум, ќе биде огромно разочарување за сите граѓани, а голема е веројатноста да дојде до политичка криза, подем на национализмот и дестабилизација внатре во земјата и во регионот, имајќи го предвид регионалниот контекст“, вели Поповска.

„Емоции во обраќањето имаше, зашто сум искрено загрижена за иднината на Македонија, но не знам кој видел да се леат солзи??“, вели Поповска, додавајќи дека нејзиниот исказ е во духот на сите нејзини досегашни изјави и ставови по ова прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Заев до Меркел: Ако не, па името да го вратиме„: Твитер реакции за датумот за преговори со ЕУ

Виси и „метлата“: Ако нема датум, нема да има ни реконструкција на Владата

Заев ќе се сретне со Меркел, информацијата дека била против доделување датум била стара

Фото: Фејсбук/Поповска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расим Мрљаку именуван за почесен конзул на Македонија во Косово

Редакција

Столтенберг од Србија: Нема план Б за Македонија

Никола Осило

Договорени четири ТВ дуели на Силјановска и Пендаровски

Редакција