еМагазин
Image default
Македонија

Лилјана Поповска се повлече: Маја Морачанин е новиот лидер на ДОМ

Пратеничката на ДОМ, Маја Морачанин е новиот претседател на ДОМ.

Таа беше избрана едногласно на Четвртиот конгрес на партијата, на кој присустуваа 300 делегати, а таа доаѓа на местото на Лилјана Поповска.

На Конгресот беше избран и новиот состав на Централен и Надзорен одбор на ДОМ.

Беа избрани и четири потпретседатели на ДОМ, Мирослав Богдановски, Бети Дејанова, Христа Најданов и Ана Петровска. За секретар на ДОМ е избран Љупчо Јаневски.

На конгресот присуствуваа претставници на Владата, пратеници, претставници од политичките партии од Македонија (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП, Демократски сојуз, Обединети за Македонија, ВМРО-НП, ПЦЕР, ПОЕН, Демократски сојуз на Власите, Демократски сили на Ромите, Партија на пензионерите, ПЕП 21), од зелените партии од Грција, Бугарија и Србија, претставници од невладиниот сектор и од дипломатскиот кор…

Фото: Фејсбук/Морачанин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведените во „Империја“ донесени на распит пред судија на претходна постапка

Редакција

Фатиме Фетаи стои зад тоа што го кажала, вели дека за заканите има уште еден сведок

Редакција

Продолжен мандатот на суспендираниот судија Мустафа Шахини

Редакција