еМагазин
Image default
Македонија

Лилјана Поповска се повлекува, ДОМ ќе ја води Маја Морачанин

Кадровата комисија на ДОМ ја поддржа д-р Маја Морачанин за кандидат за претседател на партијата, како предлог од општински организации, МОДОМ, Форумот на жените и Извршниот одбор, информираат од ДОМ.

Предлогот ќе оди на конечно утврдување пред Централниот одбор, последен пред Конгресот на 28 октомври 2018 година.

Д-р Маја Морачанин има дваесет годишно работно искуство во приватниот здравствен сектор. Како специјалист физијатар, води сопствена ординација за физикална медицина и рехабилитација.

Морачанин е пратеничка од зелената партија ДОМ во изминатите две години.

„Во ДОМ е од самиот почеток, каде со голем ентузијазам  и искрена посветеност помина повеќе скалила: од активистка и потпретседателка на општинската организација во Карпош, преку потпретседателка и претседателка на Форумот на жени, се до портпарол и член на Извршниот одбор на партијата. Учествувала на голем број домашни и меѓународни обуки и конференции од областа на демократијата, човековите права, родовата еднаквост и заштитата на животната средина. Таа е активна и на меѓународен план во семејството на Европските Зелени, каде е и делегат, заедно со досегашната претседателка, Лилјана Поповска“, велат од ДОМ.

Фото: Морачанин/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 399 прекршоци за неносење маски

Редакција

Петар Атанасов стана нов заменик министер за образование и наука

Редакција

На аџилак годинава ќе заминат 672 верници од Македонија

Редакција