еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лиле Стефанова останува надлежна за „Империја“ во кој се гонат Камчев и Мијалков

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Лиле Стефанова и понатаму да остане надлежна за предметот „Империја“, потврдија за МИА од Јавното обвинителство.

Истрагата „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела: Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Стефанова претходно од државниот обвинител доби овластување и за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“, а нејзините колеги Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска и натаму ќе ги застапуваат „Триста“ и „Тотал“, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила поранешната обвинителка, Лиле Стефанова, која ќе ги застапува „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“

Пет часа траеше распитот на специјалната обвинителка Лиле Стефанова: „Се што знам споделив“

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Пендаровски вели дека не го следеле папараци, туку луѓе поврзани со ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Граѓаните негодуваат што УЈП ќе има увид во банкарските сметки, директорката објаснува што тоа значи

Редакција

Нимиц: Историскиот договор отвора врата за нови односи меѓу двата соседа

Редакција