еМагазин
Image default
Локално

Лисици зачестено на „гости“ во домовите во источна Македонија

Зголемено присуство на лисици во селските средини и периферијата во Делчевско. Последниот случај на присуство на штетниот дивеч е забележан пред два дена, во близина на периферните делови од населбата Милково Брдо, каде во дворот на семејството Стоименовски, ова диво животно е забележано како бара храна. Како што потврдија Стоименовски, но и нивни соседи очевидци, лисицата е чест гостин на тој потег во градот.

„Лисицата ја забележавме пред два дена пред дворното место, каде одгледуваме пилиња. Местото е затворено и заградено, така што лисицата бараше начин да влезе внатре. Откако излеговме надвор од куќата, лисицата брзо исчезна во блиската шума. И друг пат имаме слушнато звуци од овие животни, но ова беше првпат да се сретнеме очи в очи. Во неколку наврати додека отсуствувавме од домот, лисицата ја имаат забележано и наши соседи“, велат  Стоименовски.

Дека лисици се забележани и преку ден, потврдија и жители од селските средини. На сред пладне во дворот на семејството Илиеви од делчевското село Град, исто така билo забележано присуство на ова диво животно.

„Успеавме само да ја фотографираме лисицата, која најверојатно во потрага по храна, стигна во нашиот двор и буквално ја забележавме со наши очи. Бидејќи не одгледуваме домашни животни, лисицата си го продолжи својот пат кон останатите блиски куќи“, додаваат од семејството.

Од ловното друштво „Острец“ потврдија дека лисиците се присутни во овој период од годината и знаат да бидат честа мета на возачи, кои во ноќните часови знаат да ги прегазат додека лисиците го поминуваат коловозот на селските патишта.

Во ек на ловната сезона, според законот за лов лисицата се смета за штетен дивеч и затоа во периодот од 1 октомври е дозволен нејзин отстрел.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билет за едно возење со автобус низ Тетово ќе чини 20 денари, бесплатно за лицата со попреченост

Редакција

Ја силувал и малтретирал бидејќи не сакала да ја продолжи врската

Редакција

ЈСП „Скопје“ ги демантира објавите за натепани патници од страна на возачи и контролори

Редакција