еМагазин
Image default
Бизнис

Листа на должници на УЈП: Јавни претпријатија должат милиони неплатен данок

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници бр.12/2018 за долгови доспеани до 31.08.2018 и неплатени до 30.11.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата објавени се 2.140 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 2.370 физички лица (повеќе за 195 од претходната листа).

Меѓу должниците се и голем број јавни претпријатија кои должат стотици милиони денари по основ на даночни давачки.

Така, ЈП Македонија пат должи 330 милиони денари, Македонска радиотелевизија должи 71,6 милиони денари, ЈП МЖ-инфраструктура должи 29 милиони денари…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Звучни имиња на бизнисмени и компании на новата листа на должници на УЈП

Листа на должници на УЈП: Над 4.500 граѓани и фирми должат 163 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова листа на УЈП: Граѓани и фирми должат 157 милиони евра за неплатен данок

Редакција

Раст на извозот, пад на увозот

Редакција

Македонската берза ги исклучи од котација акциите на „Технометал Вардар“ поради стечај

Редакција