Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 31.03.2019 и неплатени до 30.06.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини…
На листата на должници објавени се 1.924 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 1.882 физички лица (помалку за 642 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг изнесува 8.684.577.660 денари или околу 141 милиони евра.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.537.537.637 денари (помалку за 261.243.887 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 147.040.023 денари (повеќе за 604.292 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Звучни имиња на бизнисмени и компании на новата листа должници на УЈП
Листа на должници на УЈП: Јавни претпријатија имаат милионски долгови за неплатени давачки