еМагазин
Image default
Свет

Листа на најмоќни држави: На пиедесталот САД, Русија и Кина, Македонија не е рангирана

Според најновата ранг листа, САД го задржаа првото место на најмоќни земји во светот во 2019 година, а на второ и трето место се Русија и Кина.

Листата на „Ју-Ес њуз енд ворлд рипорт“ (US News and World Report) се подготвува врз основа на политичкото и финансиското влијание на една земја, како и на нејзините меѓународни сојузи, силата на нејзината армија и како таа дејствува како меѓународен лидер.

„Ју-Ес њуз енд ворлд рипорт“ ги опишуваат САД како „доминантна економска и воена сила во светот“ и земја која има големо културно влијание преку нејзините книги, филмови, музика и телевизиски емисии.

Политичките одлуки на претседателот Доналд Трамп предизвикуваат прашања ширум светот, вклучително и кај најблиските сојузници на САД, за идниот курс на земјата на глобалната сцена.

Русија е опишана како најголема светска држава по копнена маса и која граничи со повеќе од десет земји, а нејзината голема моќ се должи на економскиот раст кој доаѓа од резервите на нафта и јаглен. Русија, исто така и моќна армија.

Кина, која е на трето место е земја со најбројно население и е втора најголема светска економија.

На четврто и петто место се Германија и Велика Британија, а потоа следат Франција, Јапонија, Израел и Саудиска Арабија.

Првите девет држави се рангирани исто како и во 2018 година, а на 10. место годинава е Јужна Кореја наместо Обединети Арапски Емирати.

Најголемо изненадување на листата е Ирак, земја уништена од војни и терористички напади, која минатата година ја немаше меѓу 80. рангирани држави, а сега е на високото 19. место.

Од Балканот, највисоко котира Турција на 16 место, Грција – 41, Србија – 52, Романија на 70, Бугарија – 73, Хрватска – 75 и Словенија на 78 позиција. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора не се рангирани. На претпоследното 79 место е Летонија, а на последното место од листата е Естонија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две тропски бури се движат кон Мексико

Редакција

Обвинителство на Турција: Новинарот Кашоги е задавен веднаш по влегувањето во Конзулатот на Саудиска Арабија

Редакција

„Ал Џазира Балкан“ креираше спот кој симболично укажува на глобалните закани на слободата на медиумите

Редакција