еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Литванија осма членка на НАТО што го ратификува Протоколот за прием на Македонија

Сејмот на Литванија денеска со 108 гласови „за“ и ниту еден против денеска го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. На пленарната седницата присуствуваше и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери претходно имаше средба со шефот на дипломатијата на Литванија Линас Линкевичиус, кој ја повторил силната поддршка од Вилнус за интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Линкевичиус изразил задоволство што Литванија е меѓу првите земји членки на НАТО што го ратификува Договорот, како и за помошта што како дел од Вилнус групата и ја даваше на земјата во процесот на интеграција во Алијансата.

Го поздравил и историскиот Договор од Преспа кој му го отвори патот на Скопје кон НАТО и ЕУ, и ја зацврстува стабилноста и безбедноста на регионот.

Шефот на литванската диполоматија изразил и надеж дека земјата во јуни ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Литавнија е осмата земја членка на НАТО која го ратификува Протоколот. Прва тоа го стори Грција, по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, а вчера и Романија.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Невообичаени гости денеска во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби

Редакција

Владата со реакција: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Македонија

Редакција

Бугарската „Кер токи пауер„ ќе стекне целосна контрола врз „РЕС“ на Анѓушев

Редакција