еМагазин
Image default
Бизнис

Локалните патишта ќе се подобруваат со пари од Светска банка

За реконструкција и изградба на локални патишта ќе се инвестираат околу 70 милиони евра, кои ќе се обезбедат преку Светска банка, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето на договорите за финансирање на општинска инфраструктура преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

– Станува збор за средства од четиригодишната стратегија за соработка со Светска банка, кои сметаме дека најдобро ќе се искористат ако се вложи во локална инфраструктура. Сметаме дека е потребно овие средства да се вложат во локални патишта, кои се потребни низ цела земја. Тие ќе ги подобрат услугите кон граѓаните, а водено и ќе ја придвижат економијата. Ова е значајна сума на средства – истакна Тевдовски.

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од подобрување на состојбата на општинската патна мрежа. Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди средства од Светска банка за реализација на овој проект, додека Министерството за транспорт и врски ќе го спроведе истиот.

Фото: МТИВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се манипулира со регресот за годишен одмор: Работодавачи исплаќале 100 денари за К-15

Редакција

Во третиот квартал раст од 5,5% на прометот од продажба на услуги

Редакција

Со купувањето на Охридска банка од Шпаркасе: Глигор Бишев повторно меѓу „најголемите“ во банкарскиот пазар

Редакција