еМагазин
Image default
Бизнис

Лотарија на Македонија со намалена добивка

Лотарија на Македонија АД Скопје за периодот 01.01.2018-30.09.2018 оствари добивка по одданочување од 3.822.000 денари, додека за истиот период од претходната година покажа добивка по одданочување која изнесуваше 26.008.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Ваквиот финансиски резултат од извештајниот период за тековната година, споредено со извештајниот период од минатата година е резултат на следните показатели: вкупните оперативни приходи се намалени за 51,00 %, а вкупните оперативни расходи се намалени за 5,00 %.

Вкупните оперативни приходи бележат пад од 51,00%. Во овие приходи значително учество имаат приходите од закуп, кои воедно претставуваат и основна дејност на Друштвото, издавање на деловни простории под закуп. Споредено со претходната година истите бележат пораст од 4%, друштвото е насочено кон зголемување на овој тип на приходи и во оваа година.

Вкупните оперативни расходи се намалени за 5%, како резултат на залагањето на друштвото за намалување на оперативните расходи, како што се: трошоците за суровини и материјали (48%) останатите трошоци од работењето (29%) трошоците за вработените (3%), амортизацијата (1%), информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во првите два месеци извозот пораснал за 4,6%, а увозот се намалил за 6,5%

Редакција

„У повер“ го доби тендерот на општина Центар за набавка на струја вреден 657.000 евра

Редакција

ССК испорача 15 предлог-мерки до Владата, бара прецизни протоколи за работа во сите дејности

Редакција