еМагазин
Image default
Локално

Луцидна измама: Менаџер и застапник на осигурителна компанија си ставале в џеб пари од осигуреници

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(31) од Тетово и Н.А.(32) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“, информира МВР.

„Во осигурителна компанија од Тетово, првопријавениот, вработен како менаџер на подружница и второпријавениот, вработен како застапник, ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што истите влијаеле врз оштетените А.З., Е.З., Б.З. и В.Н. и ги измамиле да им потпишат полномошно за подигање на парични средства од нивните трансакциски сметки.

Од страна на првопријавениот, од три трансакциски сметки на тројца оштетени лица, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 680.000 денари, додека од страна на второпријавениот, од една трансакциска сметка на еден оштетен, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 400.000 денари, или вкупниот износ на подигнати средства изнесува 1.080.000 денари“, соопшти МВР.

Подигнатите износи од пријавените лица не биле предадени на оштетените, освен во еден наврат кога првопријавениот му исплатил на оштетениот А.З. само 1.500 евра, од вкупно подигнатите 150.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не била пријавена никаква родителска негрижа за починатото дете во пожарот во Гостивар, кое било врзано со ланци

Редакција

Велешки дилер приведен во Битола

Редакција

Скопјанка нападната на Рузвелтова по недоразбирање во сообраќајот

Редакција