еМагазин
Image default
Локално

Луцидно зголемување на плати во Домот за стари лица „Зафир Сајто“

СВР Куманово, на 30.05.2019 година до ОЈО Куманово, поднесе кривична пријава против С.С. (64) од Џ.Н. (41) од с.Слупчане, општина Липково, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Е.А. (35) и А.Б. (43) од Куманово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Фалсификување или уништување на деловни книги“.

„Имено, Џ.Н. како службено лице – Директор на Јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово со помош на С.С. како Претседател на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ на седницата одржана на 13.07.2015 година, на дневниот ред, под точка 4 ставил „Донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата и му дал уверување дека истата е неопходна за почеток на формирање на систем- програма за плати што е неопходно за нормално функционирање на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто.

По ова С.С. на дневен ред под точка 4 ставил „Донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата за која бил должен да знае дека е спротивна на Законот за социјална заштита, Колективниот договор за социјална заштита, Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за социјална заштита од јануари 2009 година и излегува надвор од негови овластувања“, информираат од МВР.

Со тоа С.С. и Џ.Н. им овозможиле на вработените во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово да се стекнат со плати повисоки за износите кои ги примале како „посебен додаток“ во период од месец август 2015 до месец мај 2018 година, односно за вкупен износ од 3.790.928 денари, а второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 588.134 денари, со што го оштетиле Буџетот на РСМ за вкупен износ од 4.379.062 денари.

„Е.А. и А.Б. иако биле должни согласно описот и пописот на работното место архивар во делот „работни задачи“, под точка „Чување и надзор на документите во работните простории“, на точно неутврден датум го прикриле или уништиле Записникот од одржана седница на Управен одбор на која е донесена Одлуката за утврдување на коефициент“, додаваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Педесетина пријави за последици од синоќешното невреме во Кавадарци

Редакција

Нападнат спасувач на Црвен крст во Аква паркот во Скопје

Редакција

Штипјанец нападнал полицајци

Редакција