еМагазин
Image default
Бизнис

Лукаревска: Ќе има мобилни шалтери и екипи за оние кои нема да можат да се пријават електронски во УЈП

Регистрацијата на физичките лица на системот е-Персонален данок за новиот концепт на Годишната даночна пријава е неопходна за да се спроведе успешна реформа, а Управата за јавни приходи ќе ги користи сите канали на комуникација за да не биде никој изземен во тоа и да се стигне до сите обврзници.

Ова го истакна директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес-конференција која рече дека е потребно навреме да се почне со овој процес кој ќе биде неопходен за спроведување на реформата, која предвидува Управата за јавни приходи да ја испраќа пополнетата ГДП до даночниот обврзник на потврда или корекција на подтоците, наместо како досега даночниот обврзник да ја доставува ГДП до Управата за јавни приходи.

– Како граѓани и даночни обврзници наша обврска е плаќање персонален данок и годишна даночна пријава. Она што беше наша интенција е да го олесниме процесот на пополнување на податоците. Без турканици на шалтери, трка по пресметки на фирми, докази и прилози и сите оние сложени процедури поврзани со пополнувањето на пријавата, рече Лукаревска.

Таа додаде дека регистрацијата и потврдата е потребна за да се испочитува правото на заштита на личните податоци, а истовремено регистрацијата да биде без никаков трошок за граѓанинот.

– Конечната цел е да спроведеме успешна реформа што ја користат и други даночни администрации во поразвиените земји. Нашата цел е да стапиме во непосреден контакт со физичките лица и никој од нив да не биде изземен во спроведувањето на оваа процедура. Затоа и почнавме да ги промовираме новините што треба да се спроведуваат, како што е и моментот на регистрирањето што треба да го направат. Ќе имаме и кампања, а ќе бидат на располагање и мобилните даночни шалтери кои ќе стигнат до секое најодалечено место. Отворени за соработка ќе биде и даночната администрација, а ќе бидат достапни и две телефонски линии и преку меил каде ќе можат да се обратат граѓаните, појасни директорката.

Потенцира дека УЈП ќе стигне буквално на најодалечено место каде евентуално би се создале проблеми во регистрирањето.

– Доколку нема интернет предвидени се варијанти каде лицето може да овласти друго лице и за негова сметка да ја потврди или коригира ГДП. Не можеме некое лице да го регистрираме по дифолт, туку мора да дојде или да имаме овластено лице за да знаеме на кого ги доставуваме податоците, рече Ивана Дончевска од УЈП.

На прес-конференцијата беше наведено дека УЈП поседува информации за лицата кои оствариле приходи и исто така има комуникациски канали преку кои може да дојде до обврзникот, а ќе бидат користени и мобилните даночни шалтери.

Дали граѓанинот остварил само плата, или пензија или друг приход, колкав е приходот и колкав е данокот секој граѓанин ќе треба да потврди или да ја коригира УЈП. Тоа е суштината на новиот модел на Годишната даночна пријава.

Директорката посочи дека законски се предвидени казни доколку некој не се регистрира, но оти ова е прва година и оти интенцијата на УЈП не е ако не биде некој регистриран веднаш да се казни. – Ќе направиме да дојде тука на шалтерите или ние да одиме кај него преку мобилните даночни шалтери и врз основа на тоа да не дозволиме никој да биде изземен, а притоа да биде регистриран во овој систем, потенцира Лукаревска.

Новиот модел на Годишна даночна пријава што треба да почне да се применува од 1 јануари 2019 година.

Досега на системот се регистрирани 13.000 даночни обврзници, а бројката што се очекува е голема, бидејќи минатата година се доставени 450 илјади годишни даночни пријави, а сега треба да се пријават и оние кои не оставруваат дополнителни приходи.

МИА/Фото:Фејсбук-профил на Сања Лукаревска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите физички лица кои остваруваат приход да се регистрираат во е-системот на УЈП за персонален данок

ВМРО-ДПМНЕ ги тераше пензионерите на скијање, СДСМ допрва да отвораат мејлови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ склучил 29 договори за јавни набавки во вредност од три милиони евра

Редакција

Тутунски комбинат Прилеп во загуба од 232 милиони денари

Никола Осило

МЕПСО ќе вложи 1,12 милиони евра во модернизацијата на трафостаницата „Прилеп“ и ќе замени со нова опрема што е во функција 40 години

Редакција