еМагазин
Image default
Бизнис

М-НАВ потпиша договор за набавка на најсовремен систем за контрола на летање

М-НАВ, денеска, потпиша договор со производителот „Леонардо‟ од Италија за набавка и инсталација на најсовремен систем за контрола на летање (Аir traffic management – ATM), вклучувајќи и за техничко оперативна сала за истиот.

Процесот на набавка се одвиваше во согласност со политиките и процедурите за набавка на ЕБОР и истиот беше следен и одобрен од нивна страна. Со потпишувањето на договорот, овој долготраен и комплексен процес, денес беше успешно реализиран.

ATM Системот е примарен систем на контролата на летање, преку кој се остварува основната услуга на М-НАВ, т.е. давање на услуги на воздухопловна навигација во воздушниот простор на Република Македонија.

Новиот АТМ систем овозможува одржување на безбедноста на највисоко ниво, усогласеност со најновите технолошки стандарди, придонесува за подигнување на капацитетите, зголемување на ефикасноста на целиот систем и воедно ќе овозможи способност за успешно справување со очекуваниот зголемен обем на сообраќај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во криза приватниците вештачки ги „напумпаа“ цените на дрвото за огрев

Редакција

Виз ер ќе лета од Скопје до Барселона до 26 октомври

Редакција

Иван Туџаров продаде акции од „Реплек“

Редакција