еМагазин
Image default
Македонија

Мајка му на портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадинов ќе се повлече од работното место

Иако мојата мајка е вработена на транспарентен оглас, објавен оглас, каде што се испочитувани сите законски процедури, јас разговарав со неа и таа ќе се повлече од работното место. Очекувам овој принцип на висок морал да го следат и останатите функционери, изјави денеска портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Пред се, еве за мојот случај ќе кажам, тоа се оставки, значи си даваат оставки од работното место, не станува збор за отказ и не можам да кажам, тоа останува на функционерите, тоа е личен чин да постапат сами“, рече Костадинов во одговорот на прашањето кои други лица ќе си дадат оставки.

Мајка му на Костадин Костадинов беше вработена во Централен регистар на Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Зошто откази за роднините? Признавате непотизам? Нели се беше легално?“: Твитер за отказот на мајката на Костадинов

Денеска ќе се повлечат првите вработени кои се роднини на припадници на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ и го честита вработувањето на мајката на Костадин Костадинов во Централен регистар на Струмица

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Матичните лекари утре на протест, бараат покачување на капитациониот бод

Редакција

Мерките почнуваат од среда: Забрана за движење од 16 часот до 5 наутро, за викенди 48 часа дома

Редакција