Министерството за здравство информираше дека мајката на четиримесечното бебе од Кочани, кое е позитивно на коронавирусот, е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен на вирусот.
Таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на Ковид-19 на 6 април, а резулатите биле готови на 7 април.
За овој случај, министерот за здравство Венко Филипче соопшти на денешната прес-конференција на која, според податоците добиени од Инфективната клиника информираше дека бебето е во стабилна состојба, без потреба од респираторна поддршка и е под постојан педијатриски надзор.
Се чекаат резултатите и за таткото, кој е тестиран на 8 април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четиримесечно бебе од Кочани најмлад пациент заболен од коронавирусот во Македонија
Мајка и бебе од Кочани заболени од корона вирусот се лекуваат на Инфективна клиника