еМагазин
Image default
Техно

„Мајкрософт“ ги затвора сите продавници и воведува само онлајн продажба

Американската компанија „Мајкрософт“ на својата веб-страница соопшти дека ќе ги затвори сите свои продавници во наредниот период и дека во иднина ќе има само онлајн продажба како дел од „стратешката корпоративна промена во областа на малопродажбата“.

Како што е наведено во соопштението, компанијата нема да ги отпушти своите вработени поради оваа промена, но наместо тоа, сите вработени во продавниците на „Мајкрософт“ ќе продолжат да работат во канцеларии и деловни објекти во Вашингтон.

Компанијата исто така соопшти дека ќе ги зголеми инвестициите во доменот Microsoft.com, како и во продажбата на Xbox и Windows.

Американскиот технолошки гигант наведува дека неговите продавници се затворени уште од март поради пандемијата на корона вирусот и дека вработените успеале да ја обезбедат целата потребна онлајн поддршка на клиентите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија го усоврши „Славчо” – четбот базиран на вештачка интелегенција

Редакција

Клима уредите Samsung Wind-Free™ – решение за секоја доба од годината со минимални трошоци

Редакција

Започна третиот Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на Македонија2025

Редакција