еМагазин
Image default
Бизнис

„Made in Macedonia“ опција и за грчките производи

По верификацијата на Договорот што го потпишаа Македонија и Грција, грчките производители ќе имаат рок од три години да одлучат дали своите производи ќе ги декларираат како „Мејд ин Маседониа“ или на нив ќе стои „Мејд ин Грис“.

Во Договорот, како што објасни денеска премиерот Зоран Заев во Стопанската комора на Македонија, дефинирано е правото на неексклузивност по ова прашање. Ако не се согласиме и не се договориме по тоа прашање, не значи дека Договорот не е валиден.

Според Заев, ние немаме проблем дали „Мејд ин Маседониа“ ќе пишува заради регионот Македонија или заради нашата Македонија, како држава.

– Нема тие аспирации да го земат нашето право. Конечната цел е во рок од три години од верификацијата на Договорот, да разговараат двете земји зашто дел од грчките производители можеби ќе сакаат да го користат „Мејд ин Маседониа“ и тука ни е договорено правото на неексклузивност. Ние немаме проблем дали „Мејд ин Маседониа“ ќе пишува заради регионот Македонија или заради нашата Македонија, како држава. Но, оставен е период од три години за да им се даде шанса на бизнисите во Грција да имаат своја определба. Ако одлучат на своите производи да имаат „Мејд ин Маседониа“, тоа кај нив е дискутабилно, зашто го исклучува „Мејд ин Грис“, објасни Заев.

Грчките производители ќе одлучуваат сами, но тоа ќе биде договорено со согласност и од македонска страна.

– Тие ќе си одлучат сами, но тоа ќе биде договорено секако со наша согласнот. Дотогаш никој не го зема нашето право. Ако не се согласиме и не се договориме по тоа прашање, не значи дека не е валиден Договорот. Ние си остануваме со потекло „Мејд ин Маседониа“ или „Произведено во Македонија“, но верувам дека беше важно да им ја дадеме таа можност за три години да се определат производителите во Грција како сакаат да се декларираат, истакна премиерот, образложувајќи го Договорот со Грција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вработува пет лица, плата до 49.146 денари

Редакција

Угостителите да работат до 21 часот, а административците од дома и во смени, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција

УЈП ја објави новата листа должници: Граѓани и фирми за даноци должат 164 милиони евра

Редакција