еМагазин
Image default
Македонија

Маглата го отежнува патниот сообраќај во Скопје, Демир Капија, Куманово, нормализиран авиосообраќајот

Густата магла утринава го отежнува одвивањето на патниот сообраќај, додека авиосообраќај на скопскиот аеродром е нормализиран.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ утринава информира дека густа магла со видливост до 30 метри има во Тетово, додека на патниот правец Неготино- Демир Капија и во Куманово и Сарамзалино видливоста е од 50 до 100 метри.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози, но од „Македонија пат“ препорачуваат внимателно возење и прилагодување на условите на патот.

На скопскиот аеродром, каде за време на викендот сообраќајот се одвиваше отежнато и беа откажани дел од летовите, утринава, според веб страниата на аеродромот, се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

29 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале

Редакција

Тврдокорните се враќаат со организирање на движење на граѓански отпор

Редакција

Болниците се полнат, во потешка состојба 54 пациенти заразени од корона вирусот

Редакција