еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Махери“ за извоз: Производите на „Алкалоид“ во САД, Русија, Британија, Германија…

„Алкалоид“ АД Скопје го објави консолидираниот извештај за работењето во 2018 година од кој може да се види дека ги извезува своите производи во повеќе од 30 земји во Југоисточна и Западна Европа, Турција, Русија, САД и е една од ретките македонски компании која поголем дел од производството пласира на странски пазари.

Забележително е што лани „Алкалоид“ остварил продажби во Финска, Шпанија и Грција, земји во кои претходната година немало извоз.

Оствареното вкупно производство во 2018 година, искажано во физички обем, изнесува 14.906 тони и бележи зголемување од 7% во споредба со оствареното во 2017 година (13.885 тони).

Остварените вкупни продажби на производи и услуги во 2018 година изнесуваат 9.783.286.000 денари и во споредба со остварените продажби во 2017 година (9.094.716.000 денари) бележат пораст за 8%.

Вкупниот пораст на продажбите е резултат од порастот на продажбите остварени на домашен пазар за 4% и на странски пазар за 10%. Според структурата, најголем обем на продажби, 63%, се остварени на странски пазар.

Вкупните продажби на странски пазар изнесуваат 6.159.193.000 денари и во споредба со 2017 година (5.608.031.000 денари) бележат зголемување од 10%. Најголем обем од продажбите на странски пазар, 55%, се остварени во земјите од Југоисточна Европа. Во споредба со остварените продажби во 2017 година, тие бележи пораст за 13%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест за акционерите: „Алкалоид“ ќе почне со исплата на дивиденда на 22 мај

Во блок трансакција продадени 5.276 акции од „Алкалоид“ за 707.000 евра

Во блок трансакции продадени 7.000 акции од „Алкалоид“ за 939.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Витаминка, Макпрогрес и Европа ќе им дадат дополнителни 3 месеци скратено работно време на родителите кои се враќаат од породилно: Кој е следен?

Редакција

ЗНМ: Директорот на топлана „Скопје Север“, Рамадани да си поднесе оставка поради груби навреди кон новинарката Додевска

Редакција

Голем пораст: Бруто надворешниот долг на Македонија достигна 8,4 милијарди евра

Редакција