еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонците не пијат нафта: Со кој памет му простивте на градоначалникот-шверцер?

Македонија е можеби единствена земја во светот каде што суд може да му ја намали казната на осуден шврецер на цигари од 18 на 6 месеци со единствена цел тој да може да се врати на градоначалничката функција.

Казната за шверц на цигари на градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев е намалена од 18 на 6 месеци. Апелацискиот суд во Штип ја прифати жалбата на неговата одбрана, а намалување на казната затвор добија и неговиот син и внук, како и петтообвинетиот во овој случај.

Во истиот случај беше осудена и сопругата на Стојчев, со условна казна во траење од две години.

Пред неколку месеци Стојчев беше фатен како шверцува 3.300 штеки цигари преку македонско – бугарската граница.

Според Законот за локална самоуправа, по отслужување на казната затвор тој ќе може да се врати на градоначалничката функција. Во член 54 од Законот стои дека мандатот на градоначалникот му престанува ако е осуден на казна затвор над шест месеци.

Доколку во неговата партија не извршат притисок тој да си поднесе оставка директно ќе учествуваат во манипулирање на законодавната регулатива и тоа граѓаните и тоа како ќе знаат да го казнат на следните избори.

Фото: Фејсбук/Стојчев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ почнала постапка за исклучување на градоначалникот на Ново Село, Стојчев од партијата

Пак ќе може да биде градоначалник: Казната на Стојчев за шверц на цигари од 18 намалена на 6 месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најниски плати

Редакција

На четиричлено семејство во август му требало 34.342 денари за основни потреби, ако има и ученик плус 8.000 денари

Редакција

Завршни зборови на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција