еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

„Македонците освојуваат градови“: Како „Њујорк тајмс“ во 1903 година известуваше за Илинденското востание

Македонските граѓани денес го слават 2 Август ден на кој во 1903 година беше кренато Илиденското востание кое стана симбол за македонската борба за ослободување и самостојност.

Во период кога се води дебата околу прашањето чие било Илиденското востание и воопшто околу прашањето за постоењето на македонската национална свест интересно е да се види како известувале реномирани странски медиуми како„ „Њујорк тајмс“ за овие настани.

„Македонците освојуваат градови“ е насловот на текст објавен во „Њујорк тајмс“ на 13 август 1903 година во кој се опишува дека востаниците ги завземале градовите Клисура и Писоредра, како и дека 4.000 турски војници почнале со  бомбардирање на Крушево.

Во друг текст објавен на 15 август 1903 година со наслов „Сурови масакри на двете страни“ меѓудругото се опишуваат реперкусиите што ги претрпеле Македонците при задушување на Илинденското востание.

Во текстот се вели дека Македонците ги заклале сите Турци во Крушево, додека муслиманите тврделе дека ги убиле речиси христијани во Кичево.

Фото: Архива на Њујорк тајмс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не само за наркотици, тестови и за менталното здравје на македонските политичари

Редакција

Меѓусебни дофрлања и приговори: Тензично на рочиштето за супервештачењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Директорот на битолската болница Александар Обедниковски поднесе оставка

Редакција