еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонците со „краток фитил“: Зачестени напади врз полицајци на должност

Стресот и нервозата во трката да се завршат што повеќе службени и приватни обврски се најверојатно главната причина за зачестените физички испади на македонски граѓани на кои очигледно не им треба многу да дигнат рака дури и врз полициски лица кои се на работна должност.

Имено, само во вчерашниот билтен на МВР беа регистрирани три напади врз полицајци.

Првиот се случил на 22.07.2019 година во 13.51 часот на ул.„Димитрије Чуповски“ во Скопје. Полициски службеници го привеле Е.Е.(28) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службена дејност.

Претходно, надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Л.Т.(57) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Вчера во околу 01.45 часот во с.Лисиче, скопско, полициски службеници го привеле С.А.(19) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службена дејност.

Всушност, речиси и да нема ден МВР да не информира за слични случаи во кои полицајци се напаѓани пред се од возачи кои биле запрени или добиле сообраќајна казна, но и од алкохолизирани лица.

Според коментарите на социјалните мрежи, на голем дел од граѓаните им е преку глава од селективната правда и нефунционалност на системот кога е во прашање високата корупција и тоа е најверојатно е причина повеќе за непочитување на обичните полициски службеници кои ловат ситни прекршоци.

Сепак, не треба посебно да се нагласува дека ваквите негативни трендови мора да се искоренат и дека „лошиот ден“ или краткиот фитил не можат да бидат образложение за напади врз полицијата, ниту пак незавидната состојба во која се наоѓа нашата држава кога е во прашање спроведување на правдата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

173 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

Обвинителството постапува во случајот со двојното убиство на Кале, вели Бубевски

Редакција

Вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за предлогот за референдумско изјаснување

Редакција