еМагазин
Image default
Балкан

Македонците во Грција на продолжен викенд, во Солун протест за поништување на Договорот од Преспа

Политиката настрана кога се во прашање слободните денови е мотото на голем број македонски граѓани кои веќе традиционално одлучија Денот на независноста да го прослават во Грција. Тие веројатно со право сметаат дека политичките односи не треба да бидат пречка за добрососедство.

Интересно е што, додека македонските граѓани уживаат на грчките плажи во Солун вчера членови на десничарски и националистички организации, членови на грчките здруженија од дијаспората, како и членови на Златна зора се собраа кај споменикот на Александар Велики во Солун во знак на протест против Договорот од Преспа и со слогани и плакати бараа негово поништување.

Конкретниот протест, како и останатите неколку собири во Солун се во исто време со свеченото отворање на 84. Меѓународен саем, а започнаа непосредно пред обраќањето на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Според дел од солунските медиуми, кусо пред почетокот на собирот против Договорот од Преспа, полицијата превентивно привела околу 30 лица.

„Македонија значи Грција“; „Договорот од Преспа се поништува“; „Поништување на предавничкиот лажен договор, веднаш“, „Македонија почва грчка“, се дел од слоганите испишани на плакатите на протестот на оние кои што се собраа против договорот меѓу двете земји.

Паралелно во Солун е под силно полициско обезбедување, ангажирани се над 3.000 полицајци, полициски хеликоптер, како и две цистерни со вода за да се спречат било какви инциденти со оглед на тоа дека закажани беа најмалку пет протести.

Локалните медиуми објавија дека тензично било на еден од влезовите на саемот, кога членови на левичарската партија АНТАРСИА се обиделе насилно да ја пробијат заштитна ограда и да стигнат во дворот, по што полицијата интервенирала со солзавец.

Заедно со анархистичките здруженија и организации, оваа година прв пат протестираа и членовите на „Рубикон“, анархистичката група што стои зад низа напади со бои на амбасади, компании, но и на грчкиот Парламент.

Посебни протести, одржаа од една страна, двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот и државниот сектор, од друга страна синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција.

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Потресни снимки од земјотресот во Албанија, неофицијално има и жртви

Редакција

(Видео) Во Белград за време на новогодишната ноќ како Титаник потона познатиот белградски сплав „Фристалјер“

Редакција

(ВИДЕО) Бугарија во шок: Малолетен џихадист планирал терористички напад во училиште во Пловдив

Редакција