еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонец меѓу најдобрите лекари, избрани на интернет гласање во Бугарија

Македонецот Борче Николовски кој потекнува од Демир Капија и работи како кардиолог во Бугарија е избран меѓу најдобрите пет лекари при интернет гласање на бугарските пациенти. Во изборот за „достојни лекари”, овој 32 годишник се најде на третата позиција.

Како што пишуваат бугарските медиуми, проектот е со цел да се врати довербата во луѓето со бели   мантили. Во гласањето учествувале преку десет илјади граѓани, а номинирани биле околу 500 лекари од различни специјалности.

– Лекарот со македонски корени е дел од тимот на Оделот за кардиологиja и интервентна кардиологиja во многупрофилната болница за активно лекување – Бургасмед, појаснуваат бугарските медиуми за Николовски, при описот за лекарите.

Тој  е член на Европското друштво на кардиолозите и европската асоцијација за кардиоваскуларна дијагностика. Eден од основачите на модерното отделение за каридоваскуларни болести на МБАЛ „Бургасмед” од Бургас.

– Особено сум благодарен за укажаната доверба од страна на граѓаните и сите што застанаа зад мене и мојата номинација. Тоа е дополнителен мотив, да продолжам да ја работам работата најдобро што можам, рече Николовски за МИА.

Оваа вест со радост ја дочека неговото семејство во Демир Капија, во кое медицината и грижата за пациенти, се негува со генерации. Неговиот татко е дефектолог во Специјалниот завод, а сестрата Кристина која е пред дипломирање за доктор, сака да специјализира психијатрија. Мајка му е патронажна медицинска сестра, а прабаба му, бабица која ги пораѓала бебињата во демиркапиското село Клисура.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документарецот за Бигорскиот манастир беше проектиран пред голем број амбасадори и дипломати во Рим

Редакција

Донација од „Нова“: 25 деца во социјален ризик добија електронски уреди за полесно следење онлајн настава

Редакција

Кампањата за осаменост на LLYC, освои Гран При на доделувањето на наградите IPRA Golden World 2020, додека Apriori World добива награда за глобален придонес

Редакција