еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонец со сведоштво од Шведска: Зошто се лабави мерките за ширење на корона вирусот

Шведска е позната по тоа што воведе речиси незначителни мерки како превенција за ширењето на корона вирусот. Додека светот е во карантин, затворени се училишта, бизниси, патувања и слично во Шведска граѓаните живеат нормално.

Македонец кој долги години живее и работи во Шведска, за „еМагазин“ раскажува дека тоа е така бидејќи граѓаните му веруваат на системот, а и тој верува во нив.

„Само еднаш на телевизија се појави премиерот. А потоа неколку пати обраќање имаше директорот на Институот за јавно здравје. Тој кажа дека што и да се направи, бројките ќе бидат тие, жртви ќе има.

Но, порача дека секој граѓанин ќе си ја сноси одговорноста за себе, во зависност од своите постапки. И толку. Но Швеѓаните се страшно одговорен народ, таква самодисциплина не постои во ниту една држава.

Почитуваат ред во банки, продавници, држат растојание, не се туркаат, не си дишат во врат. Ним им е доволно само еднаш да слушнат препорака, и таа веќе е испочитувана. Имаат одговорност и му веруваат на системот и на институциите.

Тие спроведуваат што ќе им се каже, а ние веднаш имаме одбранбен механизам: „ти ли мене ќе ми кажеш“. Швеѓаните не се такви, тие преземаат одговорност за себе или за другиот“, објаснува нашиот соговорник.

Во Шведска работат градинките и основните училишта, бидејќи се смета дека децата не се во ризична група. Затворени се средните училишта и факултетите. Бизнисите кои имаат можност работат онлајн.

Иако бројката на починати во Шведска веќе достигна 800, нашиот соговорник вели дека таа е незначителна имајќи предвид што ништо не се забранува.

Тој се осврнува и на здравствениот систем за кој вели дека, државата е сигурна, ќе ја пружи најсоодветната заштита за секој пациент, и не се плаши од оптоварување на системот.

„Тие можат да му ја пружат услуга на секој обичен граѓанин, по примерот на замислете, ексклузивни болници во кои се лекуваат пациенти кои добиваат врвни третмани, а притоа многу плаќаат. Во државата е вложувано во овој систем многу и затоа граѓаните имаат доверба,“ додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку е всушност успешен шведскиот модел за справување со коронавирусот?

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Фото: K’Nub/Getty Images

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Наместо да ги прекине нападите на Газа, Израел ги засили

Редакција

Кога се завршивме како држава НАТО испорача, а ЕУ не, изјави Ковачевски на форумот „Глобесек“

Редакција

81 се реинфекции: Нови 668 случаи на Ковид-19 од 3.974 тестови

Редакција