еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонец во Германија: Мерките за корона вирусот се спроведуваат и без полициски час

И во Германија има голем процент на здравствени работници заразени од корона вирусот, вели за „еМагазин“, Македонец кој последните неколку години е преселен таму и работи како стоматолог.

За разлика од кај нас, каде што стоматолозите ги затворија своите ординации, имајќи предвид дека поради специфичноста на работата има голем ризик за заболување од корона вирусот, тој вели дека до неодамна работел полно работно време, а сега е со скратено и не седи дома.

Народот како што вели, ги почитува мерките и тоа без полициски час.

„Нема потреба од полициски час, има солиден ред. На 82 милиони народ, дали 400 казни се изречени до сега,“ вели тој.

Капацитетите на болниците засега не се исполнети, a пикот се чека кон крајот на април до средината на мај.

Иако станува збор за Германија, тој оценува дека ако кризата потрае до јуни, системот нема да може да издржи. Тој очекува таму епидемијата да спласне до крај на мај.

Тоа што луѓето мора да седат дома, според нашиот соговорник, не им паѓа многу тешко, бидејќи се познати по нивната дисциплина и тоа што многу работат, па социјализацијата не им е силна страна како на пример na Италијанците, Шпанците или Балканците.

Истражувањето за тоа дека БСЖ вакцината помага во олеснување на симптомите на корона вирусот е направено во North Rhine Westfalia каде што живее тој и има над 100.000 заболени. Оценува дека станува збор за доста сериозно статистичко истражување.

Како млад човек кој пред неколку години ја напуштил државата и решил подобар живот да бара во Германија, вели дека не е лесно, бидејќи треба голема посветеност на изучување на јазикот, дополагање на одредени испити за што треба многу откажувања и години, за човек да застане на нозе.

До вчера, бројката на заразени во Германија изнесуваше 113.226 лица. Многу често министерот за здравство, Венко Филипче го посочува германскиот модел во пристапот на лекувањето, во кој полесните случаи се лекуваат од дома, што е пракса и кај нас.

Германија е држава која е оценета дека успешно се справува со вирусот, масовно тестира, а им понуди и помош на Италија и Франција во лекувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец со сведоштво од Шведска: Зошто се лабави мерките за ширење на корона вирусот

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дел од цигарите поскапеа за 10 денари

Редакција

Парадата на гордоста покажува дека нашето општество е зрело да поддржи различности, вели Филипче

Редакција

Панел дискусија: Со трансплантација на органи од починат донатор се спасуваат човечки животи

Редакција