еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонија да учи од примерот на Бугарија, која не влезе во Шенген зоната поради корупција

Повеќе од дискутабилно е дали Македонија и Бугарија имаат заедничка историја, но сигурно е дека имаат една заедничка работа – голема корупција и организиран криминал.

Поради корупцијатата и организираниот криминал, Бугарија не доби амин за влез во Шенген зоната, а на земјата не и помогнаа ни детските закани кон Холандија и Австрија за одмазда од страна на бугарските власти и на крајот „си легна на брашното“, оти се „виновни“ по таа точка и се пример за корупција и организиран криминал во Европската Унија и пошироко и покрај тоа што се членка на Унијата од 2007 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 

Хрватска влегува во Шенген зоната, Бугарија и Романија не

Не дека во Холандија и Австрија нема корупција, ама големата разлика е што таму функционира системот и се бори против истата.

Па така лани тогашниот премиер на Австрија, Себастијан Курц, за кого беше подигната истрага под обвинение за „поткуп, корупција и злоупотреба на довербата“, поднесе оставка, и за него политичката кариера заврши, а денеска дури и физичкиот изглед му е сменет.

Во Бугарија и Македонија немало таков пример.

Но, има примери како изборот на Ислам Абази за шеф на најзначајното обвинителство кое треба да се бори против корупција и организиран криминал, каде се поставуваат лица за кои од авион се гледа дека се блиски до владејчка партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската амбасадорка Агелер: Збунувачки е процесот за избор на нов шеф на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Така да, македонските власти да не чекаат американската амбасадорка или некој друг да ги потсетува за високата корупција која царува и организираниот криминал кој цвета, туку веднаш да покажат дека сериозно се борат против истите. Не за друго. Ќе дојде ден кога Бугарија ќе ни стави блокада на патот кон Европската Унија за корупција, колку и тоа да звучи шашаво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот, вели американската амбасадорка Агелер

Бројни европски политичари отворено кажаа дека нема никакви гаранции дека за Македонија нема да има нови блокади на нејзиниот долг пат кон ЕУ. Зошто да им даваме материјал плус на тие кои не не сакаат во клубот и кои едвај чекаат да не блокираат.

И да престанат со патетичните изјави дека сега кога по којзнае кој пат ги „построија“ од странските амбасади „као„ осознале дека има корупција и „као“ ќе се борат против истата.

Ич да не даваат изјави на таа тема, на дело нека покажат. Тогаш може колку сакаат да зборат.

И да, учителките кои добиваат поклони од децата за 8 Март да ги остават на мира, и да се фатат со расчистување на корупцијата во нивните редови и кај нивните соопартици. Таму е корупцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напредокот на Македонија на патот кон ЕУ зависи од успешното справување со корупцијата, порача германската амбасадорка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Заев и Ципрас: Договорот им го посветуваме на младите генерации за нивната иднина, вредеше

Редакција

„Не збори со непознати“, така ги испративме децата утрово на школо

Силвана Жежова

(Галерија) Пантелис Григори: Trip to sail е уникатна платформа за вашиот одмор да едрите во Грција

Редакција