еМагазин
Image default
Македонија

Македонија црпеше искуства од Кина за справување со корона вирусот

Денеска, во рамки на активностите на процесот за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, познат како “17+1”, се одржува видео-конференција, преку која се поврзаа главните градови на земјите од “17+1”, информираше заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на неговиот фејсбук-профил.

„Тема на конференцијата е борбата против ширењето на корона вирусот (COVID-19) и истата претставува дополнителна алатка за директна размена на корисни информации и искуства меѓу надлежните институции од земјите членки. Видео линкот во Скопје, во присуство на амбасадорт на Кина, Џанг Ѕуо, е лоциран во зградата на Министерството за надворешни работи, а честа да ја претставуваме нашата земја ја имаме министерот за здравство, Венко Филипче, и јас.

Конференцијата е овозможена и организирана од министерствата за надворешни работи и за здравство на Народна Република Кина, како земја што беше најтешко погодена од корона вирусот, за да ги споделат своите искуства околу преземените мерки и активности во насока на превенција и сузбивање на ширењето на вирусот, а во тек е синхронизирната дискусија.

Во име на Македонија во дискусијата учествува директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, која покрај тоа што информира за последната состојба во земјава во контекст на заболените од COVID-19, за нивното лекување, за начинот и капацитите за справување на здравствениот систем во Македонија со овој вирус, поставува и прашања за тоа на кој начин институциите и граѓаните полесно да се справат со новонастанатата состојба,“ напиша Жерновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четврица нови случаи од Дебар заразени од корона вирус, вкупно бројката достигна 13

(Фото) Дебар како на филм: Поради превенција од корона вирусот дезинфекција на јавни површини, канти за отпад и спортски терени

Поради корона вирусот цената на медицинските маски од 8 „рипнаа“ на 40 денари

фото: Фејсбук/Жерновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна судењето за случајот „Плацеви на Водно“: Обвинети се Груевски, Мијалков, Камчев, Јосифовиќ

Редакција

Ќе одлучат ли уставните измени кој ќе прави влада?

Редакција

Заев во Владата ги информираше партиите од владината коалиција за договорот со Алтернатива

Редакција