еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија денеска треба да добие нова техничка влада: Кои се новите министри и заменици-министри?

Македонија денеска треба да ја добие новата техничка влада, која се формира на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, кои треба да се одржат на 12 април.

Според процедурата најпрво се уште актуелниот премиер Зоран Заев треба да поднесе оставка од премиерската функција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оставката на Заев ударна вест во Грција

Не се враќа во Струмица: Премиерот Заев денеска ќе поднесе оставка

Потоа Парламентот ја констатира оставката и со тоа паѓа целата влада, па претседателот Стево Пендаровски треба да му даде мандат на актуелниот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој од највисоките партиски тела на СДСМ е предлогот за технички премиер.

Спасовски потоа треба да ја предложи новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во перидот до изборите и формирање на новата влада.

Кои се новите министри и заменици-министри?

Мила Царовска, актуелната министерка за труд и социјална политика, ќе го заземе местото на вицепремиер за економски прашања и координација на економските ресори во владата, Кочо Анѓушев.

Шефиците на кабинетите на актуелните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Славјанка Петровска и Санела Шкријељ, пак ќе бидат дополнителни заменик-министерки во двете министерства, како преставници на владејачката СДСМ.

Технички министер за внатрешни работи треба да биде кадарот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев.

Рашела Мизрахи, која е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде техничката министерка за труд и социјална политика.

Дополнителен или заменик министер за финансии треба да биде Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство треба да стане предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, а заменик министерка за информатичко општество и администрација актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска Стојковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која e Рашела Мизрахи, која е предложена од ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за труд и социјална политика

Кој е Наќе Чулев, новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи

Која е Гордана Димитриеска Кочоска, која ВМРО-ДПМНЕ ја предлага за заменик министер за финансии

Koja e Невенка Стаменковска Стојковски, која од ВМРО-ДПМНЕ е предложена за заменик министер за информатичко општество и администрација

Кој е Цветан Трипуновски, кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага за заменик министер за земјоделство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија, Австрија и Чешка против барањето на ЕУ за хуманитарен прекин на огнот во Газа

Редакција

Кои директори на јавни и државни претпријатија и институции ќе плаќаат повисок данок за нивните плати

Редакција

Што пишува во биографијата на Радица Ристеска, старо-нова членка на ДИК?

Редакција