еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија ќе банкротира доколку Владата ги загуби арбитражните постапки

Неизвесни се исходите од пет големи абритражни постапки во кои нашата земја е тужена од домашни и странски бизнисмени и компании, а од кои ќе зависи дали Владата ќе мора да исплати неколку стотици милиони евра на име штета по различни основи.

Владата на седница неодамна ја разгледувала информацијата од претседавачот на Координативното тело во врска со ангажирање на правни застапници по повод поведена арбитражна постапка од страна на Артем Скубенко, Валентин Дрожденко, Анатолиј Семинога, Игор Переверзев, Артем Кадомски, Игор Компанец, Серги Надиеждин и Володомир Скубенко против нашата земја.

Станува збор за лица кои се дел од раководството на украинската компанија „Сардич“ која поседуваше концесија за отварање на рудникот „Казандол“ во валандовско. Во раководството на оваа компанија е и Ацо Спасеноски, поранешен министер за земјоделство, водостопанство и шумарство и амбасадор на земјава во Украина.

Рудникот „Казандол“ беше сопрен во фаза на изградба откако Владата минатата година донесе заклучок да побара правни услови за раскинување на договорот со „Сардич“ која е главен инвеститор во наоѓалиштето за бакар во валандовскиот крај.

Дозволата за експлоатација на минерални суровини на украинската компанија и беше доделена во јули 2015 година за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Компанијата бара отштета од 350 милиони евра.

Словенечкиот бизнисмен со македонско потекло Блажо Тасев ја тужи Македонија и бара отштета од 400 милиони евра. Тој во 2004 година го купи рудникот за олово и цинк „Саса“, кој потоа му беше одземен, даден на повторно продажба и купен од руската компанија „Солвеј“.

Британските милијардери со индиско потекло браќата Гокул и Маду Бинани исто така ја тужат земјава. Тие во 2006 година ги купија рудниците „Злетово“ и „Тораница“ од американската „Ксеминекс“. Во 2015 година околу 1.000 рудари ја прекинаа работата поради неисплатени плати и придонеси, по што на компанијата и беше одземена концесијата за работа.

Кунико ресорсис“ покрена арбитражен спор против Македонија заради случајот „Фени“. Компанијата во 2004 година го презеде „Фени“, но потоа ја изгуби фабриката во која влезе компанијата ГСОЛ која го рестартира производството.

Арбитражна постапка против Република Македонија покрена и “EL.PET.BALKANIKI, Societe Anonyme Petroleum and Investment“ од Грција.

Грчката компанија која е сопственик на „Окта“ бара оштета од триесетина милиони евра од земјава поради непочитување на договорот за снабдување со мазут.

Имено, со договорот за продажба на „Окта“ на грчкиот инвеститор, тогашната Влада на Љубчо Георгиевски се обврзала Македонија да купува по 500.000 тони мазут на годишно ниво од рафинеријата иако немала потреба за тоа. Оваа обврска Македонија не ја почитуваше и врз база на тоа се најде на суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управниот суд пресуди во корист на Владата: Раскинувањето на договорот со „Сардич“ за Казандол е законито

Владата повторно ангажира адвокати: Осум Украинци поведоа арбитражна постапка против земјава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Излезеноста до 11 часот 8,03%

Редакција

„Фабрика Карпош“ му го презеде приматот на „Пуцко Петрол“ според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година

Редакција

(Видео) Лидерите на Г7 се потсмеваа со Путин: „Да се соблечеме и да јаваме коњи„

Редакција