еМагазин
Image default
Македонија

Македонија е делумно слободна земја: „Фридом Хаус“ не сврсти со Украина, Мадагаскар, Косово

Македонија е делумно слободна земја, оценува во најновиот извештај за слободата во светот американската невладина организација „Фридом Хаус“.

Во извештајот за 2019 година, Македонија, на скала од еден до седум, каде еден е најслободна, а седум најмалку слободна, е оценета со 3, додека според политичките права со 4, а според граѓанските слободи со 3,5.

Со вкупен скор од 59 поени Македонија годинава се наоѓа во друштво на земји како Украина, Молдавија, Црна Гора, Косово и Мадагаскар.

Во однос на политичките права и граѓанските слободи Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска бележат одредено назадување во однос на минатата година, додека мал напредок има во Македонија и Косово. Во Албанија состојбата останува непроменета.

Од регионот како слободна земја се оценети Хрватска, Грција, Бугарија и Романија, додека како делумно слободна се Србија, Црна Гора Косово, Албанија и Босна и Херцеговина.

Според вкупната оценка во регионот најдобро рангирана е Грција со 87/100, по што следат Хрватска 85/100, Романија 81/100, Бугарија 80/100, Албанија 68/100, Србија 67/100, Црна Гора 65/100, Македонија 59/100, Косово 54/100 и Босна и Херцеговина 53/100.

„Фридом хаус“ оценува дека глобално слободата и демократија веќе 13-та година по ред има тренд на намалување. Пад има во разни земји во сите региони во светот, од долгогодишни демократии како што се САД, до цврсти авторитарни режими како Кина и Русија.

Од 196 држави во светот опфатени со извештајот, 86 се слободни, 59 се делумно слободни, а 50 не се слободни. Најслободни држави се Норвешка, Шведска, Финска, Канада и Холандија, а најмалку слободни се Сирија, Туркменистан, Еритреја, Јужен Судан и Северна Кореја.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ескобар: Зборувавме со Франција за Македонија што поскоро да ги почне преговорите

Редакција

35-годишниот пациент кој вчера почина од Ковид-19 немал никакви претходни заболувања

Редакција

Вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со суштински теми, велат од бугарскиот тим на заедничката Комисија со Бугарија

Редакција