еМагазин
Image default
Македонија

Македонија ќе побара повлекување на одлуката за азил на Груевски

Владата размислува и ќе донесе одлука да испрати барање за повлекување на одлуката за азил на Никола Груевски, од причини што, доколку одлуката е заснована врз определени факти кои не се такви какви што се, државата има право да ја отповика или да ја поништи одлуката, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска на настанот за почетокот на твининг проектот „Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба“.

– Унгарските закони се доста рестриктивни и дури даваат и можности за отповикување на дадена одлука за азил, така што Владата размислува и ќе донесе одлука да испрати барање за повлекување на одлуката за азил. Исто така, гледајќи го унгарскиот закон, оние кои добиваат азил, доколку во исто време не добијат државјанство, или трајно жителство, нивната одлука за азил се преиспитува, по службена должност на секои три години.

Значи, доколку Груевски не добие државјанство, тогаш неговата одлука дури и во овој случај не биде преиспитана по барање на Владата, би требало според унгарските закони да биде преиспитувана на секои три години, појасни Дескоска.

Посочи дека кога ќе се поднесе барање за азил и кога државата ќе поднесе барање за екстрадиција, тие два процеси, ако одат паралелно, екстрадицијата чека додека не се даде одлуката за азил или ако не, воопшто не носат никаква одлука и не ја почнуваат постапката за екстрадиција, додека не се даде одлука во постапката за азил.

– Оваа процедура која досега се спроведува во Унгарија е процедура која ние ја очекувавме и ја знаевме, дека прво ќе се даде предност на постапкта за азил, а потоа би се разгледувало прашањето за екстрадиција. Барањето за екстрадиција е образложено со сите аргументи и додека се одлучува на база на правни процедури треба да биде удоволено, истакна Дескоска.

Додаде дека досега со Унгарија немале проблем околу екстрадицијата во ниту еден случај и оти Унгарија никогаш не покренала никакво прашање ниту за состојбите во затворите ниту за сомневања во делувања во судството за да одбие екстрадиција.

– Ова не е прва екстрадиција што ја бараме, но се надевам нема да отскокне да биде прва што ќе биде одбиена, потенцира Дескоска.

Во делот што се однесува до помилувањата како основ за одбивање на екстрадиција, Дескоска рече дека постојат аргументи што ќе бидат дадени во тоа барање за поништување на азилот, затоа што тоа е одлука која треба да ја донесат унгарските власти.

– Нашето искуство од она што е практично право зборува дека нема основ за одбивање на екстрадицијата, нагласи министерката за правда.

Истакна оти ако се гледа целиот процес и сите информации што доаѓаат од почетокот на напуштањето на земјата и се до пристигнувањето во Будимпешта, од страна на Никола Груевски, може да се сфати дека станува збор за многу политика вмешана во овој случај, додавајќи оти како држава ќе ги истакнуваме правните аргументи, и очекуваме од земјите шпто се членки на ЕУ да одлучуваат согласно европските принципи.

Во врска со можноста дали Груевски побарал од порано азил, рече дека процедурата за добивање на азилот е неверојатно брза, невообичаена за Унгарија, така што не се исклучува ни таа можност каде е побарана дали во Унгарија или на друго место.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарска Влада: Не го даваме Груевски

Унгарски аналитичар: Груевски беше шверцуван низ цел Балкан од унгарските дипломатски служби

Земјите членки на ЕУ за сега без коментар: Хан ќе бара објаснувања од Орбан за азилот на Груевски

Голем пораз или заговор: Владата, ЕУ и САД им должат одговори на граѓаните за азилот на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот Димитриевски: „Денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот“

Редакција

Алтернатива на Гаши за шефица на новото СЈО ја предлага Фатиме Фетаи

Редакција

Шеста жртва од експлозијата во Романовце, почина 63-годишна жена

Редакција