еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија го признава Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска се огласи преку Твитер за позициите во однос на случувањата во Венецуела, давајќи му поддршка на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој неодамна се прогласи за времен претседател на државата, а досега е признат од 11 европски земји.

-Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на Собранието на Венецуела, Хуан Гуаидо за времен претседател, согласно Уставот и со цел да организира слободни, фер и демократски претседателски избори, напиша Димитров на Твитер.

Досега 11 земји членки на ЕУ го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Претходно, Италија го блокираше нацрт соопштението на ЕУ во кое се наведува дека сите земји членки на Унијата ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Спротиставувањето на Италија спречи да се донесе единствен став на ЕУ за Венецуела.

ЕУ му даде рок, што истече на полноќ, на Николас Мадуро да распише нови претседателски избори, во спротивно ќе го признае опозиционерот Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател додека тој не организира нови избори. Мадуро вчера го одби ултиматумот на ЕУ.

Европскиот парламент исто така минатиот петок го призна опозиционерот Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од следната година Хрватска го воведува еврото

Редакција

Франција сѐ уште не може да гарантира почеток на преговори до јуни

Редакција

Честит Илинден: 112 години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ

Редакција