еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Македонија и на мапата на електрични возила

Дефинитивно, живееме во момент на електрификација. Тренд кој нуди и сé повеќе успева да ги замени старите фосилни горива со чисти извори на енергија. Енергија која не ја загадува животната средина, но во исто време, обезбедува брз и сигурен транспорт на патници и стока од една до друга дестинација.

Деновиве, медиумите „атакуваа“ со информации за брзиот технолошки развој на транспортот во светот. Јавноста во Македонија дозна дека жителите на Виена имале можност, за прв пат во светот, да се возат или да видат како функционира дрон-такси возило. Ова беспилотно летало, во моментов, може да превезува двајца патници на мала висина и до максимум 35 километри.

Нивната популаризација ќе решат многу функционални проблеми на големите градови во сферата на транспортот. Дека технологијата е „совладана“ потврди и маркетинг директорот на компанијата, кој рече дека технолошкиот развој веќе не е предизвик, туку сега се исправени пред „законските регулативи и подготвеноста на јавноста да ги користи овие уреди како превозно средство“.

Речиси паралелно со беспилотните такси – летала се појавија и електрични автобуси со должина од дури 27 метри. Овој автобус, во моментов, развива до 70 километри на час и може автономно да вози до речиси 300 километри. Гигантскиот електричен автобус може да собере 250 патници. Први удобноста на овие автобуси ќе ги искусат жителите на Колумбија.

Многу држави во светот веќе работат и го создадоа и првиот автопат каде со возење со ваков тип возила, всушност, автоматски се создава енергија која автономно го движи автомобилот. Со ова, алтернативните превозни средства ќе минуваат поголеми растојанија и ќе доведат до нормална и брза замена на технологијата во сообраќајот.

И жителите на Македонија може да придонесат до заштита на животната средина и да бидат задоволни со најновите возила на Хамачи. Оваа компанија, дефинитивно, ја позиционира нашата држава на мапата земји во која граѓаните се транспортираат и со електрични возила.

Од компанијата Хамачи Македонија потенцираат дека секој треба да се грижи за животната средина, но тие со својата визија ја носат најновата технологија пред македонските граѓани.  

Овие возила се напојувани со електрична енергија и за да бидат атрактивни, имаат разновиден дизајн и компактна рамка на телото. Возилата на 21-от век се лесни за маневрирање и паркирање со што, уште еднаш ја потврдуваат мисијата на Хамачи, да се штеди на простор кој ќе биде наменет за јавни површини.

Возилата на овој светски бренд имаат уникатни функции за панорамски поглед (преку сончевиот кров) и со тоа, рекреативното користење кое е идеално за ентузијастите. Во ова возило уживаат сите генерации и вози во урбани, приградски или во рурални средини. Кога говориме за електрификација, возилата на Хамачи, вклучуваат отворање на задното стакло и електрични лизгачки прозорци.

Имаат алуминиумски тркала, радио со USB и SD картичка, часовник, Hi-Fi звучник, грејач, прилагодливо светло, LCD дисплеј и камера за паркирање.

Затоа, вашата грижа за животната средина покажете ја и со управување на електрични возила. Хамачи, како најголем дистрибутивен центар и сервис на Балканот, докажа дека се грижи за проблемите со загадувањето, за олеснување на движењето во градските гужви, за побрзото и побезбедно пристигнување до саканата дестинација.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов концесионер и модернизација на Дрисла: На депонијата ќе завршуваат пет проценти од сегашниот депониран отпад

Редакција

Откриен изворот на загадување во реката Брегалница

Редакција

Собранието го донесе законот со кој се забранува увоз на отпад кој може да се користи како гориво

Редакција