еМагазин
Image default
Македонија

Македонија мрзне: Студеното време продолжува до средина на наредната недела

Студено утро во Македонија со температури под нулата и врнежи од снег. Најстудено било во Лазарополе, а најмногу снег има во Маврови Анови. Студеното време ќе се задржи до средината на наредната недела.

Според мерењата на УХМР во Лазарополе минималната температура изнесувала-14 степени, Маврово и Крушево -13, Претор, Ѓуриште и Тополчани -10, Пожаране минус девет, Битола и Прилеп минус осум, Охрид минус седум, Тетово, Крива Паланка и Куманово минус шест, Скопје и Штип минус пет, Демир Капија, Струмица, Гевгелија и Дојран минус четири.

Снег најмногу има во Маврови Анови 85 сантиметри, 34 Крушево, 32 Битола, 25 Тополчани, 18 Попова Шапка, 14 Демир Капија, 13 Дојран, Пожаране, 12 Лазарополе, 11 Струмица, 10 Ѓуриште, осум Прилеп, пет Претор, три Крива Паланка и Гевгелија, еден Скопје Петровец, Охрид и Тетово.

Утрово времето во крајните западни и северни делови е сончево со умерена облачност, а во останатиот дел од земјава е претежно облачно. Во јужните и југоисточните делови се уште има локални врнежи од снег. Дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе достигне од минус пет до еден степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од северен правец. Максималната температура до нула степени.

И во наредните денови под влијание на многу студена воздушна маса ќе се задржи променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Студеното време ќе се задржи до средината на наредната недела.

Утре ќе има повремен слаб снег, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во понеделник и вторник ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи од снег се очекуваат од среда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарски аналитичар: Груевски беше шверцуван низ цел Балкан од унгарските дипломатски служби

Редакција

Следете ја во живо мисата на Папата Франциск на плоштадот „Македонија“

Редакција

Министерство за животна средина: Набавуваме телефонска централа, опремата не е за прислушување разговори

Редакција