еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонија на стенд-бај: Ќе ја повтори ли ВМРО-ДПМНЕ грешката на Љубчо Георгиевски од деведесетите?

Македонија е исправена пред нови искушенија и нова политичка криза откако неуспешно помина консултативниот референдум за прифаќање на договорот со Грција и зачленување во ЕУ и НАТО.

Извесно е дека доколку во наредните денови не се обезбеди дво-третинско мнозинство во Собранието за гласање на уставните измени предвидени со договорот ќе следуваат предвремени парламентарни избори на кои политичките елити ќе треба повотрно да си ги измерат силите.

Главното прашање што се наметнува е дали Владата предводена од СДСМ ќе ги почитува одредбите од Пржинскиот договор кои предвидуваат формирање таканаречена експертска Влада 100 дена пред одржување на изборите.

Доколку се оди на варијантата избори во ноември, како што веќе најави премиерот Зоран Заев постои сериозна можност ВМРО-ДПМНЕ да избере бојкот на изборите со образложение дека не се почитува договорот од Пржино и дека власта подготвува изборен фалсификат.

Неизбежен е заклучокот дека ако ВМРО-ДПМНЕ се одлучи на бојкот на изборите тоа ќе биде своевидно враќање во деведестите години, кога оваа партија предводена од Љубчо Георгиевски исто така ги бојкотираше изборите, што не беше пречка да се формира парламентарно мнозинство и Влада која ја водеше државата без активна опозиција.

Имено, во 1994 година се одржаа првите парламентарни избори по стекнувањето независност на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија го бојкотираа вториот круг на изборите, со тврдења за сериозни нарушувања на изборниот процес.

Без конкуренција во вториот круг, поради апстиненцијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДП, СДСМ си формира влада и апсолутно владееше цели четири години.

Од друга страна, доколку ВМРО-ДПМНЕ сепак одлучи да учествува на изборите станува јасно дека и да добие мнозинство гласови тешко ќе може да формира стабилно парламентарно мнозинство и Влада бидејќи албанските политички партии во никој случај не би коалицирале со партија која им го сврте грбот на ЕУ и НАТО и покрај тоа што декларира поддршка за евро-атлантската интеграција на земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Закани за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: „Даниела ако гласаш за уставни измени како Исус ќе те распнеме“

Блеф или ризична игра: Која албанска партија ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски: Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не би го поддржал Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел од починатите од Ковид-19 во Македонија имале болести поврзани со срцето

Редакција

Вклучете се во акцијата за бесплатно сместување и активности за социјално загрозени деца, деца со посебни потреби и деца на самохрани родители

Рестораните треба да го следат примерот на Етно гостилница „Три“: Прометот уплатен за лекување на Сандра

Редакција