еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Македонија навлечена на седативи: Жените „позависни“ од мажите, најчесто ги земаат за релаксација

Лековите за смирување се многу често застапени кај општата популација во Македонија. Дури 32,5% од лицата на возраст од 15-64 години и 23,2% лица на возраст од 15-34 години користеле седативи во текот на последната година, покажува најновиот извештај за здравјето на населението на Институтот за јавно здравје.

„Употребата на седативи пропорционално расте со возраста. 24% од лицата на возраст од 15-64 години и 14% од лицата на возраст од 15-34 години користеле седативи во текот на последниот месец, со најголема застапеност кај лицата на возраст од 55-64 години (47,6%). Седативите се почесто користени од 31,4% жени, во споредба со 19,5% мажи на возраст од 15-64 години, во текот на последниот месец“, пишува во извештајот.

Седативите најчесто биле користени еднаш месечно. Тие најчесто биле препишувани од доктор (69,2% кај возрасната група од 15-64 години).

Кај возрасната група 15-64 години, 5,1% од лицата ги користеле седативите повеќе од 20 дена во текот на последниот месец.

Најчеста причина за земање седативи била за релаксација (27,9% кај возрасната група од 15-64 години), поради несоница (17%), третман на болест (22,4%) и намалување на болка (12,8%).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина писателот и академик Радован Павловски

Редакција

Орка холдинг купи акции во тетовски Жито полог

Редакција

Констатирани низа пропусти во Куманово: Казна од 300 до 600 евра за градоначалникот Максим Димитриевски

Редакција