еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија побара помош од ЕУ за справување со корона вирусот следниот период

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска со писмо до Еврокомесарот за кризен менаџмент Јанез Ленерчиќ побара активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита за Македонија.

-Сега засега мерките кои ги презема Владата во справување со пандемијата Ковид- 19 даваат ефикасни резултати, но со оглед на растечкиот број на заболени во земјата, во периодот што претстои, земјата ќе има потреба за дополнителни медицински средства, материјали и опрема за соодветна теренски активности, за кои сметаме на помошта до механизмот за цивилна заштита на ЕУ, се вели стои во писмото.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, Македонија е членка на Европскиот механизам за цивилна заштита, од каде и претходно, во 2016 година, користеше помош за време на поплавите во скопскиот регион. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 85 заразени со корона вирус: Регистрирани нови девет случаи

Неверојатно: 70 македонски државјани од Истанбул кои требало да бидат вратени со хуманитарен лет, се откажале заради карантинот

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена од Македонски Брод се породила во амбулантно возило на пат кон Прилеп

Редакција

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Колку е богат претседателот Деркоски

Редакција

185 нови ковид-случаи, 99 во Скопје

Редакција