еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

„Грција ја призна Северна Македонија“, „Крај на спорот за името Македонија помеѓу Скопје и Атина“, „Македонија го смени името, парите и пасошите„, „Победата на Ципрас и Заев нема да трае долго“… се само дел од насловите во српските, бугарските, хрватските, албанските… медиуми, кои детално известуваат за ратификацијата на Договорот од Преспа и во грчкиот Парламент.

Регионалните медиуми ги пренесуваат и реакциите на светските и европските политичари, но прават и сопствени анализи што следи сега и дали имплементацијата на Договорот на терен може да донесе нови проблеми.

Во тој правец посебен интерес има кај бугарските медиуми, кои детално објаснуваат дека ќе се менуваат македонските учебници и историја, патните документи, регистарските таблички на автомобилите… и секако анализираат како спроведувањето на Договорот ќе се одрази на спроведувањето и на Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Македонија и Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во Грција биеjа камбани во знак на жалост за ратификацијата на Договорот од Преспа, седиштата на СИРИЗА ги чува полицијата

„Стани Зелче, ФИРОМ почина“: Твитер за ратификацијата на Договорот од Преспа и во Грција

Ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција одекна во светските медиуми

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка ја намали проекцијата: Пад на БДП од 4,9 за годинава, догодина раст од 3,9%

Редакција

Вицепремиерот Груби го разреши советникот Касапи, кој неодамна беше фатен со дрога

Редакција

„Автонова“ го доби тендерот на Општина Битола за набавка на возило вреден 25.000 евра

Редакција