Во Собранието на пленарна седница денеска почнува третата, финална фаза за уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа.
Како што е познато најсуштинската промена предвидена со овие измени е промена на името на државата Македонија во Северна Македонија.
Тоа е предвидено со првиот амандман, од вкупно четири, кои ги изготви Владата, која е предлагач на уставните измени.
За да истите поминат во финалната фаза повторно, како и на стартот на процесот се потребни гласови на најмалку 80 пратеници.
Што пишува во четирите амандмани?
Со првиот амандман е предвидено во македонскиот Устав „Република Македонија“ да се замени со „Република Северна Македонија“, а „Македонија“ да се замени со „Северна Македонија“.
Зборот „Македонија“, останува само во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на: „посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.
Со вториот амандман во Преамбулата на Уставот зборовите: „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите: „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.
Во третиот амандман стои дека „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.
Четвртиот амандман се однесува на иселениците и во него се предвидува републиката да ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО ДПМНЕ ќе исклучува нови пратеници ако гласат за уставните измени
Кои се предлагачите: Поднесени 10 амандмани на предлог-амандманите на Уставот