еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија во 21 век: Половина од вкупниот број фирми немаат веб-страница

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, 94.4 % од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа. Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 81.5 % од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Сепак, од вкупниот број на деловни субјекти, само 53.9 % имале веб-страница или почетна страница.

Од нив, 89.6 % на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 51.7 % имале наведено линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 21 % обезбедиле онлајн нарачување или резервирање.

Во однос на е-трговијата, 5,7 %, од деловните субјекти, со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 4,4 % од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги, преку веб-продажба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

69-годишен дедо во Прилеп ја силувал неговата малолетна внука

Редакција

„Градба промет“ го доби тендерот на Општина Кавадарци за изградба на Градски пазар вреден 1,6 милиони евра

Редакција

Нема ново одложување на пописот, вели директорот на Државниот завод за статистика Симовски

Редакција