еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија загуби голем човек: На 100 години почина академик Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на МАНУ

Академик Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на Македонската академија на науките и уметностите почина денеска на 100-годишна возраст.

Академик Филиповски, заедно со академиците Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ, биле тројцата членови на првата Комисија задолжена за формирање на МАНУ. Институцијата е основана на 23 февруари 1967, а прв претседател бил Конески.

Академик Филиповски важи за основоположник на современите педолошки истражувања во земјава. Неговите најзначајни активности од наставно-научната и општествена дејност се и сведоштво за почетоците на формирањето на првите високообразовни институции во земјава како Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Земјоделско-шумарскиот факултет, МАНУ.

Во мај годинава, МАНУ со голема свеченост ја одбележа 100-годишнината од неговото раѓање. Витален и луциден, со шеги на своја сметка за годините, академик Филиповски стоечки, без подготвен говор говореше за почетоците, за историјата, и не заборави никого за да се заблагодари.

Комеморацијата за Академик Ѓорѓи Филиповски ќе биде одржана утре, 23.12.2019 година во просториите на МАНУ во 11 часот, а погребот е во 13 часот.

МИА/Фото: МАНУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарски аналитичар: Груевски беше шверцуван низ цел Балкан од унгарските дипломатски служби

Редакција

Каков имот пријавила Анета Симеска Димоска, која Владата ја разреши од директорската функција во Државниот пазарен инспекторат

Редакција

(ВО ЖИВО) Прес-конференција за убиството на Вања и Панче

Редакција